Во Соединетите држави, 99,2 проценти од смртните случаи од ефектите на ковид-19 се кај невакцинирани лица, изјави главниот американски експерт за заразни болести Ентони, Фаучи, наведувајќи дека тоа е „тажно и трагично“ и е фрустрирачки да се има таков „страшен непријател“ во коронавирусот кога постојат ефективни начини да се заштити. Причините за недоверба кон граѓаните на САД, рече Фаучи, главно се засноваат врз идеологија и ненаучни факти.
САД го соопштија планот за споделување на 55 милиони дози вакцини
Тој изјави дека Америка има „алатки за сузбивање“ на инфекцијата и ги повика луѓето да ги остават разликите настрана и да сфатат дека коронавирусот е заеднички непријател. „Соединетите држави се многу среќни што имаат доволно вакцини за да се имунизираат сите граѓани. Има луѓе во светот кои би дале што било за да ги добијат вакцините“, додаде тој.