Лидерот на Алијансата за иднината на Косово и поранешен премиер Рамуш Харадинај изјави дека дијалогот со Србија не треба да продолжи без присуство на САД и дека мини-Шенгенот може да се постигне само по признавањето на Косово од Србија. „Додека Србија не го признае Косово, тоа е нефер ситуација. Косово е во нееднаква положба во споредба со другите земји во регионот, пресврт треба да биде признавањето на Косово, а потоа мини Шенген “, изјави Харадинај. Кога станува збор за дијалогот Косово-Србија, тој повикува на медијација на САД во тој процес. ]
Османи - Вучиќ: Малиот Шенген е доказ за успешна соработка
„Во дијалогот, ние мора да ја повикаме Америка на маса, да не одиме напред во дијалог без Америка. ЕУ не е единствена, тие се хетерогени. Имаме 5 земји кои сè уште не го признале Косово“, рече Харадинај. Тој оцени дека е во интерес на Косово САД да бидат на маса, бидејќи тие „немаат дилеми во врска со суверенитетот на Косово“. Тој ја критикуваше владата на сегашниот премиер, Албин Курти и побара зајакнување на опозицискиот фронт против неговата влада.