Уште еден голем напад за откуп поврзан со руски сајбер-криминалци

нов сајбер напад во кој се погодени најмалку илјада компании во светот

Степенот на најновиот голем сајбер напад за откуп, што американските експерти за компјутерска безбедност ѝ го препишаа на руска банда, сè уште не е утврден, бидејќи се повеќе компании соопштија дека нивните системи се компромитирани. Експертите за сајбер безбедност цитирани во извештаите на американските вести на 4 јули изјавија дека нападот погодил илјадници компании во најмалку 17 земји кога бил извршен кон крајот на 2 јули. Тие рекоа дека сајбер криминалците барале откуп од 45.000 до 5 милиони долари. Фред Вокола, извршен директор на Касеја, американска компанија чиј софтвер е нарушен изјави дека повеќето се мали бизниси како стоматолошки ординации, фирми за архитектура, хируршки центри и библиотеки, училишта, мали владини агенции, туристички и сметководствени агенции.

Путин негира дека Русија извршила сајбер напад кон САД


Експертите за компјутерска безбедност велат дека руската банда REvil се чини дека стои зад нападот и не случајно беше лансиран на почетокот на празничниот викенд на Денот на независноста на САД. Многу жртви можеби нема да дознаат дека биле погодени се додека не отворат повторно на 5 или 6 јули. ФБИ и Агенцијата за безбедност на интернетот во САД побараа од компаниите да ги пријават инцидентите. Претседателот Џо Бајден ги насочи американските разузнавачки агенции да истражат.