Марин Ле Пен денеска, без изненадување, повторно е избрана за претседателка на француската екстремно десничарска партија Национален фронт, иако наесен привремено ќе ја напушти партијата за да се посвети на претседателските избори закажани за пролетта 2022 година.
Ле Пен беше единствен кандидат на внатрепартиските избори на кои освои 98,35 отсто од гласовите.
Нејзиниот заменик Жордан Бардела е избран да го води Советот на партијата, кој на партиското раководство подоцна ќе му предложи привремен претседател за време на отсуството на Марин Ле Пен.
Таа претходно најави дека ќе се кандидира на претседателските избори закажани за наредната година. На минатите избори, таа изгуби во вториот круг од актуелниот претседател Емануел Макрон.