Од понеделник почнува вакцинацијата на наставниците

Вакцинација против ковид-19 во Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје - 5 април 2021

Од понеделник ќе се вакцинираат вработените во основните и средните училишта во државата, соопшти денеска Министерството за здравство.

„Овој процес на имунизација на наставниот и ненаставен кадар вработен во образованието, како дел од критичната инфраструктура го спроведуваме за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година“, се додава во соопштението.

Следната недела ќе започне закажувањето термини за вакцинација и на вработените во високо-образовните институции.

Изминатава учебна година, учениците следеа онлајн настава, а на училиште одеа само децата со трето одделение.