Дождот предизвика лизгање на земјиштето во Јапонија, 19 луѓе исчезнаа

Градот Атами по несреќата

Најмалку 19 луѓе се водат како исчезнати откако свлечиште предизвикано од поројните дождови денеска го погоди јапонскиот град Атами, недалеку од Токио, соопштија властите.

Портпаролот на префектурата Шизуока изјави дека калта затрупала десетици куќи.

Во спасувачката операција се вклучени војската, полицијата и пожарникарите, а населението во широкото подрачје добило предупредување за евакуација.

Градот Атами е приморско одморалиште, а делот погоден од свлечиштето е познат по изворите на топла вода и храмот.