Пластични производи за еднократна употреба како што се прибор за јадење, чинии, сламки, чаши, производи од стиропор, кутии за храна од стиропор, стапчиња за уши, капаци за чаши, од денеска се забранети за употреба во Грција, согласно законот што важи во сите земји од Европската унија.
Конкретниот закон, во Грција беше изгласан во октомври 2020 година, а од февруари, државниот сектор во земјата повеќе не користи пластика за една употреба.
Од Министерството за животна средина на Грција, соопштуваат дека согласно студиите на европско ниво, 80-85 отсто од морскиот отпад пронајден на плажите во Европската унија е пластика, а 50 отсто се пластични производи за еднократна употреба.