ЕУ со план за економска помош на Источното партнерство

Белорусија на мапрата на Европа

Европската комисија претстави план за економска помош и инвестиции за земјите од Источното партнерство. Станува збор за план тежок 2,3 милијарди евра, со потенцијал за мобилизирање до 17 милијарди евра во јавни и приватни инвестиции.

Комисијата во изјава објавена денеска наведува дека планот е дел од предложената агенда за закрепнување, отпорност и реформи, со кој се поставуваат 10 цели за 2025 година. Целта е со него да се зголеми трговијата, растот и работните места, да се инвестира во поврзаност, во зајакнување на демократските институции и владеењето на правото, како и поддршка на зелени и дигитални транзиции и промовирање на рамноправни и инклузивни општества.

За предложените долгорочни цели треба да се дискутираат на самитот на Источното партнерство планиран за декември 2021 година.

Источното партнерство започна во 2009 година со цел зајакнување и продлабочување на политичките и економските односи меѓу ЕУ и шесте земји од т.н. „Источно соседство“ на Унијата- Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина.

Комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, рече дека предложениот план ќе помогне во закрепнување по пандемијата со ковид преку стимулирање на економски раст и нови работни места. Тој рече дека планот ќе вклучува и „поддршка за идна демократска Белорусија“.