Американските трупи денеска ја напуштија една од најголемите воени бази во Авганистан како дел од мировниот договор со талибанците, изјави за новинската агенција Ројтерс висок претставник на американската одбрана. „Сите американски војници и припадници на силите на НАТО ја напуштија воздушната база Баграм“ рекол претставникот под услов да остане анонимен.
Германија ги повлече своите војници од Авганистан
Со затворањето на воздушната база Баграм, северно од Кабул, завршува американското воено присуство на најзначајниот аеродром во Авганистан, кој често се користеше за започнување воздушни напади против талибанците и другите тврдокорни исламистички милитантни групи во 20-годишната војна во Авганистан. Базата ќе му биде предадена на авганистанското Министерство за одбрана.