Продолжува првата меѓународна конференција на Преспа форумот за дијалог

ОД првата меѓународната конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог

Во Охрид и во Отешево денеска продолжува првата меѓународната конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог. Дводневната конференција е на тема „Западен Балкан: делот што недостасува за комплетирање на Европа“, а учествуваат околу 300 високи претставници од Европа и САД, меѓу кои премиери, претседатели, министри, генерални секретари на меѓународни организации, европратеници, претставници на граѓанскиот сектор. Учесниците на Конференцијата на денешниот втор ден ќе се осврнат врз трансатлантските врски, кои се тема на дискусија на панелот на високо ниво каде што ќе се разговара за враќањето на синергијата меѓу ЕУ и САД во однос на Западниот Балкан.

Рикер:САД сака да стои рамо до рамо со С.Македонија како партнер

На вчерашното официјалното отворање на конференцијата во Охрид говореа, меѓу другите, премиерот Зоран Заев и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, медијаторот во спорот со Грција Метју Нимиц, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на ДУИ Али Ахмети, помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер. Во основата на Преспа форум дијалогот се три столба: Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателството со Бугарија и Договорот од Преспа.