Европските перспективи и актуелните случувања во земјава биле тема на разговор на средбата во Брисел на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и неговите соработници со комесарот за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеј. Тој на средбата во Вархеј при неговата дводневна посета на Брисел изјавил дека забележливи се злоупотребите кои власта во Македонија ги прави со европските вредности, а најеклатантен пример е воведувањето на поголеми давачки за граѓаните преку злоупотреба на европското знаменце.
„Не сум тука да создаваме препреки на патот кон ЕУ туку да создадеме позитивна клима за да државата се придвижи напред, а тоа е можно со чесен и искрен пристап. Патот кон ЕУ нема алтернатива, а се друго ќе преставува купување на време и нова лажна надеж од Заев“, истакнал Мицкоски, се вели во партиското соопштение.
Во партиското соопштение е наведено дека државата уште во 2009 година ги исполнила сите критериуми за старт на преговорите.
„Но спорот со Бугарија за кој Заев не убедуваше дека ги затворил сите отворени прашања, преставува непремостлива пречка. Она што дополнително загрижува е отсуството на план на Владата за излез од не само економската, туку политичка криза наметната поради застојот на интеграциите,“ рекол Мицкоски на средбата, се наведува во партиското соопштение.