Топлотниот бран во Канада, кој бележи рекорди на високи температури, доведе до смрт на десетици луѓе, пренесува британскиот сервис Би Би Си. Во областа Ванкувер, од петокот до денеска, полицијата регистрирала повеќе од 130 ненадејни смртни случаи. Повеќето биле стари лица или имале здравствени проблеми, а топлината во многу случаи придонела за влошување на нивната состојба.
Канада вчера го помина светскиот рекорд од 49,5 степени целзиусови трет ден по ред, а тие се регистрирани во Литон, Британска Колумбија. Северозападниот дел на Соединетите Држави исто така забележа рекордно ниво на температура и голем број смртни случаи.
Топлотен бран - потребна е адаптација за екстремна клима
Експертите велат дека климатските промени се очекува да ја зголемат честотата на екстремни временски услови, како што се жештините. Сепак, поврзувањето на кој било настан со глобалното затоплување е комплицирано, пишува Би-Би-Си.
"Неопходно е да се проверуваме едни со други за време на овие екстремни горештини. Никогаш не сме доживеале вакво нешто. За жал, десетици луѓе починаа", изјави Мајк Калањ, портпарол на полицијата во областа Ванкувер.
Во Литон, Британска Колумбија, во понеделникот биле измерени рекордни 47,9 степени Целзиусови, објави локалната метеоролошка служба на Твитер.
Бројни области во Северна Америка, вклучително и Орегон во западна Америка, забележаа рекордни локални температури над 40 степени Целзиусови за време на неодамнешниот топлотен бран.