Германија ги повлече своите војници од Авганистан

Германија ги повлече своите последни трупи од Авганистан и со тоа ја заврши мисијата во оваа земја, пренесува агенцијата ДПА. Последните преостанати германски војници од мисијата на НАТО полетале од базата во Мазар-и-Шариф на 29 јуни со германски авиони. Со ова заврши операцијата која траеше скоро 20 години. Според информациите, во четири авиони имало и припадници на специјалните сили кои биле пренесени на северот на Авганистан за да ја штитат базата.

„По скоро 20 години мисија, последните војници на Бундесвeрот го напуштија Авганистан вечерва“, изјави доцна синоќа министерката за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.

Таа додаде дека со ова заврши „историското поглавје“ во кое „Бундесвeрот “ се докажа во борбите и во кое жали за загубите на животите.

Заврши учеството на македонската Армија во мировната мисија во Авганистан

Според германските вооружени сили, во операцијата во Авганистан биле убиени 59 војници, од кои 35 биле директно од надворешни влијанија.
Соединетите Држави и силите на НАТО започнаа формално повлекување на војниците од Авганистан на 1 мај, а тој процес треба да заврши до средината на септември 2021 година. Соединетите Држави и НАТО се присутни во Авганистан скоро 20 години.