Годинашното телевизиско гостување во живо на претседателот Владимир Путин доаѓа на 10-тина недели пред да биде ставена на тест популарноста на владејачката политичка партија Единствена Русија на националните избори. Вакви настани - кога навидум просечните Руси можат да му поставуваат прашања на Путин директно редовно се одржуваа и во минатото.
Единствена Русија, во последно време бележи рекордно ниско одобрување од јавноста. Тоа е потенцијално проблематично за Кремљ, кој минатата година направи измени во уставот, отворајќи му ја вратата на Путин потенцијално да остане на власт до 2036 година. Путин, кој е веќе најдолго време како руски лидер од Јозеф Сталин, не посочи дали ќе се кандидира за повторен избор.
Во Русија ќе се казнува со затвор учество во невладини кои се „непожелни“
Додека Русите се повеќе се вознемирени за малите плати, растечката инфлација и падот на квалитетот на животот, Путин останува политичка фигура со високи оценки за одобрување. На партискиот конгрес на 19 јуни, Путин, кој не е формално член на партијата, објави дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и министерот за одбрана Сергеј Шојгу ќе ја предводат кандидатската листа на Единствена Русија - потег насочен кон зголемување на ентузијазмот на гласачите. Владата, исто така, презеде чекори за укинување на опозициските политички движења, вклучувајќи го и оној на Алексеј Навални кој го наруши имиџот на Путин во јавноста. Тој преживеа скоро фатално труење минатата година, а потоа беше затворен откако во јануари годинава се врати во Русија по закрепнувањето во Германија.