Заев: Прво проверка на автентичноста на изјавата, а потоа реакција

Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев најави дека службите во Министерството за надворешни работи (МНР) ќе ја проверат автентичноста на изјавата на португалската министерка за Европа, Ана Поула Закаријаш, во која вели дека македонскиот некогаш бил дел од бугарскиот јазик, па ќе реагира соодветно.

„Португалскиот предлог нуди решение, но не зазема страни внатре. Во самиот португалски предлог, во преговарачката рамка е решението, преводот на аки-то ќе биде на македонски јазик. Секако имаат изјави и двете страни. И нашата и бугарската страна, каде што веројатно министерката направила толкување за бугарски медиум или слично за кое нешто ќе провериме денес преку стручната служба на МНР за автентичноста на тоа што е кажано и МНР соодветно ќе реагира во јавноста“ изјави Заев.

Тој уште еднаш потсети дека португалскиот предлог е добра основа за решавање на спорот со Бугарија.

„Сме кажале, за нас е добра основа затоа што нормално кога заврши Самитот на ЕУ, односно Европскиот совет, ние веќе дадовме и длабински коментари за португалскиот предлог во мои изјави во изјавите на Бујар Османи, нашето МНР, каде што неколку пати кажавме во тој предлог секако и како што е конструирана преговарачката рамка доколку се донесеше нормално, одлуката таму стои преводот на аки-то ќе биде на македонски јазик. Ги има унилатералните изјави на Северна Македонија, и на Бугарија. Си имаат тие свое толкување. Вие знаете до ден денес со Бугарија имаме билатерален реципроцитетен договор со којшто потпишуваме договори, одредени меморандуми и спогодби на кои стои дека тоа е бугарски јазик согласно Уставот на Република Бугарија и македонски јазик согласно Уставот на Република Северна Македонија. Тоа е билатерален дел кој го имаме со Бугарија“, истакна премиерот.

Први реакции од Софија: предлогот на Вархеји-Силва е неприфатлив

Инаку португалската министерка за европски прашања во разговор со новинари во Лисабон, како што пренесе Бугарското национално радио (БНР), посочила дека дебатата помеѓу двете земји е тешка и истакнала: и изјавила дека „јазикот на Северна Македонија некогаш бил дел од бугарскиот јазик“