ОН: Албанија е прва во Европа и шеста во светот по производство на канабис

илустрација, канабис

Албанија е главна земја на потекло на канабисот во Европа и шеста во светот за периодот 2015-2019 година, покажува последниот глобален извештај за дрога во 2021 година, публикација на UNODC, глобалната канцеларија на Обединетите нации за криминал и дрога. Пред Албанија се: Мароко, Авганистан, Пакистан, Либан и Иран.

Според извештајот Албанија е прва во Европа, надминувајќи ги Шпанија и Холандија. Шпанија се споменува како осма во светот, додека Холандија е деветта. Исто така, се наведува дека албанските мрежи како важни во трговијата со кокаин низ цела Европа, го спроведуваат таканаречениот деловен модел „end to end“ ефикасен модел што исклучува трети страни и управува со самиот процес, од почеток до крај.

„Покрај албанските групи вклучени во дистрибуција на кокаин низ цела Европа, вклучени се и српско-хрватските групи. Граѓаните на Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Србија, исто така, станаа клучни играчи во набавката на големи количества на кокаин и организирањето превоз и продажба на европските купувачи“, се наведува во извештајот.

Легалната марихуана завршува на нелегалниот пазар

Се констатира дека оваа појава довела до зголемена конкуренција и се почестите случаи на соработка меѓу различните групи вклучени во трговија со кокаин, што резултирала во поефикасен синџир на снабдување, придружено со високо ниво на одгледување и производство на кокаин во Јужна Америка, а со тоа и зголемена достапност на кокаин во Европа.