„Мал Шенген“ останува посветен на ЕУ и покрај неисполнетите ветувања

Онлај состанок на претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Македонија Зоран Заев и премиерот на Албанија Еди Рама

„Постојаниот неуспех на ЕУ да ги исполни своите ветувања и нејзината неможност да се движи напред со отворање на првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија, оди против европската волја на нашите земји и против интересите на самата ЕУ“, се наведува во заедничката изјава по состанокот на претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерите на Македонија и на Албанија, на Зоран Заев и еди Рама. Тие денеска одржаа онлајн работна средба на која разговарале за регионалната соработка.

Во изјавата стои дека на земјите од Западен Балкан им е потребна ЕУ колку што и се и тие потребни на ЕУ. На состанокот било речено дека и покрај тоа што земјите не се интегрирани во ЕУ, сепак остануваат уште попосветени на патот кон ЕУ и на регионалната соработка.

„Сакаме порано, отколку подоцна, да видиме дека четирите слободи на ЕУ - движење на луѓе, стоки, услуги и капитал - се спроведуваат низ целиот регион. И ние ќе сториме сè што е во наши раце да се движиме кон оваа цел преку моќта на нашиот пример. Во овој дух, ние ќе ја искажеме нашата целосна поддршка за регионалниот заеднички пазар на Самитот на Берлинскиот процес на 5 јули“, стои во заедничката изјава.

Лидерите се согласиле дека само со заедничко работење и поттикнување на регионална соработка во рамките на разни регионални иницијативи како регионален пазар, Регионален Шенген, Зелени коридори, може да им се донесе опипливи резултати на граѓаните.

На 29-ти јули е закажана средба во Скопје на која треба да се потпишат договори меѓу овие ти земји кои произлегуваат од спроведувањето на обврските од Берлинскиот Самит. Се работи за Договори за соработка и помош во случај на природни катастрофи, како и за олеснување на трговијата, извозот и увозот меѓу овие земји.

На состанокот било договорено да побараат од ЕУ и од САД да преземат чекор заедно со земјите од регионот со цел да се направат проекти за подобрување на животна средина и за многу поголема употреба на обновливи извори на енергија.