Над 10 милиони Австралијци добија наредба да останат дома поради ширењето на коронавирусот, а Бризбејн стана четвртиот поголем град во кој е наредено тридневно затворање, откако претходните денови ограничувања беа воведени во Сиднеј, Перт и Дарвин. „Ова се тешки одлуки. Воведовме блокади во големите градови затоа што повратниците од странство го носат вирусот тука", рече премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашчук, откако Австралија регистрираше 23 случаи на инфекција во претходните 24 часа.
Австралија се бори со нов бран на пандемијата, Сиднеј повторно затворен
Австралија во голема мерка успеа да го елиминира локалното пренесување на вирусот преку комбинација на затворање на границите, задолжителен карантин во хотелите за луѓето кои пристигнуваат од странство и брзи блокади. Земјата сега се соочува со ширење на вирусот делта вирусот, кој првпат се појави во Индија, а јавноста е незадоволна од бавното темпо на вакцинација.