Уапсено едно лице на Газиместан за одбележувањето на Видовден

Поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Порфириј, денеска одржа помен во Газиместан. 28 јуни 2021 година.

Едно лице е уапсено во Газиместан за време на прославата на Видовден, празник на Српската православна црква. Газиместан се наоѓа на 15 километри од главниот град на Косово, Приштина.

Информацијата за апсењето ја објави косовската полиција, без да наведе други детали.

Портпаролот на полицијата Баки Келани за Радио Слободна Европа потврди дека полицијата спроведува оперативен план за да избегнат инциденти, но рече дека не може да даде повеќе детали за самото апсење.

По повод одбележувањето на Видовдан на 28 јуни, во Газиместан се собраа околу илјада Срби од Косово, но и од Србија и другите земји во регионот.