Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска истакна дека раководството на ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ), распишува тендер за ископ на јаглен и јаловина за цела календарска година на три месеци пред почеток на кампањата за локални избори. Тој посочува дека на тендерот се јавува една компанија. Нема електронска аукција и има само една понуда. во вредност од речиси 13 милиони евра. Според него, сегашната понудена цена е поголема за разлика од претходните години.
„ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) ја заврши 2020 година со загуба од 16,8 милиони евра. Избори се ближат, мора аванс да се земе!“, соопштува Мицкоски.
Од СДСМ реагираа дека постојаните напади кон АД ЕСМ од страна на Мицкоски имаат две цели „да го потврдат статусот на Мицкоски како најнеуспешен директор на Државните електрани во историјата на компанијата и да го ублажат, колку што е можно, извесниот пораз што го очекува на следните избори“.
Од владејачката партија наведуваат дека Мицкоски во 2017 година потпишал договори од јавни набавки од десетици милиони евра со рок на траење од две години. Дополнително, веднаш по поразот на ВМРО-ДПМНЕ на изборите, како што велат од СДСМ, во функција на генерален директор на тогаш АД ЕЛЕМ, а сега АД ЕСМ, Мицкоски склучил договор за ископ со Марковски компани, после постапка со преговарање или според неговиот вокабулар, постапка во четири очи.