Во Скопје денеска ќе се одржи втората Парада на гордоста, која ќе започне од паркот „Жена борец“, а ќе заврши кај Школка во Градскиот парк.
„Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе. Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество“, се вели во соопштението испратено до јавноста.
Парадата ја организира Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Поради нејзиното најавен е изменет сообраќаен режим во главниот град. Првата парада во Скопје се одржа пред две години.