Нема докази дека соборувањето на украинскиот патнички авион по полетувањето во Техеран на почетокот на минатата година е „однапред смислено“, но Иран е „целосно одговорен“ се вели во официјалниот извештај на канадски експерти составени од специјален форензички тим.
Авионот Интернационалната авиокомпанија Украина (УИА) се урна на 8 јануари 2020 година, при полетување кон Киев, при што загинаа сите 176 лица во авионот. Поголемиот дел од патниците биле канадски државјани. Меѓу загинатите патници биле и граѓани од Авганистан, Велика Британија, Иран, Украина и Шведска.
Неколку дена по официјалното негирање на Техеран , Иран призна дека единица на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) ненамерно го соборила авионот кога истрелала две ракети во услови на зголемени тензии со Соединетите држави. Техеран, кој се во изминатиов период се најде под силна меѓународна критика за неточни изјави но и за попречување на независни истраги, соопшти дека Гардата го помешала авионот со ракетно летало на САД.
Канадскиот форензички тим, задолжен за испитување на сите достапни докази за трагедијата, во извештајот посочи дека вината е во иранските „цивилни и воени власти“. Но, по осуммесечната истрага тимот не најде докази дека „ирански официјални лица наредиле соборување или дека било со умисла“.
- Техеран не ја предава оштетената црна кутија од урнатиот украински авион
- Авионска несреќа кај Техеран – над 170 загинати
Со истрагата се заклучи дека операторот на единицата за противвоздушна одбрана „веројатно дејствувал самостојно при донесувањето на одлуката за лансирање на ракетите“. Но, во него се додава дека немало да се сличи индцидентот ако не било „ непромисленото и непочитувањето на човечките живот од страна на иранските власти“. Во извештајот, исто така,е истакнато дека во целата истрага тимот експерти имале проблеми со пристапот до доказите, местото на несреќата и сведоците.