Русија во изминатиот ден објави рекордни 601 смртен случаj од Ковид-19. Напливот на случаи со корона вирусот се припишуваат поради присуството на Делта варијантите низ целата земја.
Владината работна група за корона вирусот денеска пријави 20.393 нови случаи кои биле регистрирани во претходните 24 часа, вклучително 7.916 во Москва.
Бројката е највисока за еден ден во главниот град од крајот на јануари. Официјално, земјата регистрираше 5.409.088 случаи на корона вирусот и 132.064 смртни случаи, иако многу критичари велат дека вистинските бројки се многу поголеми.
Сложената состојба е поради слабиот интерес за вакцинација кај Русите и покрај неодамнешниот пораст на новозаразени.
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин минатата недела изјави дека вакцинирањето против ковид ќе биде задолжително за 60 проценти од вработените во услужниот сектор.
Со оглед на растот на случаи, Москва и другите области ги зајакнаа ограничувањата за движење на луѓето.