Најмалку четири лица загинаа, а околу 200 се повредени во торнадото што ги погоди градовите околу Ходонин, долж границата со Словачка и Австрија на 270 километри јужно од главниот град Прага.
Невремето остави пустош, срушени покриви, оштетени куќи, паднати дрвја, запрени возови, како и автопатот до границата со Словачка.
Ова е најсилниота бура во модерната историја на оваа централноевропска земја и првото торнадо по 2018 година, објави чешката метеоролошка служба.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
„На крајот транспортиравме 63 повредени лица во болниците. Десет тешко повредени, додека 45 имаат полесни повреди. Неколку десетици лица добија прва помош на самото место“, изјави портпаролот на службата за спасување на јужноморавскиот регион, Михаела Ботова.
Директорот на болницата во Ходонин проценува дека болниците дале медицинска помош за околу 200 повредени лица.