Орбан критикуван од ЕУ за контроверзниот унгарски закон за ЛГБТ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на првиот ден од самитот на ЕУ во зградата на Европскиот совет во Брисел, 24 јуни 2021 година

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и група лидери од Европската унија се судрија околу новиот закон со кој се забранува споделување на ЛГБТ содржини со малолетници. Пред дводневниот самит што започнува на 24 јуни, лидерите од 17 од 27-те членки на блокот потпишаа писмо со кое жалат за каква било форма на дискриминација заснована врз сексуална ориентација, велејќи дека „почитувањето и толеранцијата се во основата на европскиот проект“. Предложените законски измени, кои сепак мора да бидат одобрени од претседателот на Унгарија, забрануваат „прикажување и промовирање на хомосексуалност“ или промена на полот на малолетници во училишта, филмови или реклами.

Вон дер Лајен: унгарскиот анти ЛГБТ закон е срам


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го нарече законот „срамен“ и рече дека ЕК размислува за правно постапување затоа што ги нарушува основните вредности на Унијата. По пристигнувањето во Брисел на самитот, Орбан возврати на своите критичари, велејќи дека законот не е против хомосексуалноста, туку се остава родителите да одлучуваат исклучиво како сакаат сексуално да ги образуваат своите деца. На прашањето дали ќе го поништи законот, конзервативниот унгарски премиер ги отфрли критиките и рече дека законот е „готов“.