ОН: Пандемијата на коронавирусот ја зголеми употребата на дрога

коронавирусот ја зголеми употребата на дрога

Пандемијата на коронавирусот ја зголеми употребата на дрога и истовремено го охрабри илегалното одгледување афион, со последици што веројатно ќе се чувствуваат „со години“, предупредија ОН. „Пазарот на дрога продолжи брзо по нарушувањето предизвикано на почетокот на пандемијата“, се вели во годишниот извештај на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал. Авганистан, кој произведува повеќе од 80 проценти од светскиот опиум, забележа скок од 37 проценти во одгледувањето афион, честопати единствената опција за заработка на студенти или работници кои останаа без работа поради коронавирусот. Во извештајот се наведува дека вирусот ги потенцира „нееднаквостите, сиромаштијата и менталните здравствени проблеми низ целиот свет“, што се фактори кои можат да поттикнат употреба на наркотични средства.

Eден тон кокаин спакуван на брод со банани запленет во Турција

Минатата година околу 275 милиони луѓе ширум светот користеле дрога, во споредба со 269 милиони во 2018 година. Повеќето земји пријавија зголемување на употребата на канабис за време на пандемијата, се вели во извештајот, истакнувајќи дека младите луѓе го доживуваат како помалку опасен за здравјето „и покрај доказите дека носи ризици“. Употребата на некои фармацевтски производи исто така се зголеми, додека престанокот на ноќниот живот ја намали употребата на кокаин.