Лидерите на Европската унија не успеаја да се договорат за предлогот да се одржи самит со рускиот претседател Владимир Путин, откако земјите на ЕУ кои се граничат со Русија се спротивставија, велејќи дека тоа ќе испрати погрешна порака. Во изјавата усвоена денеска, лидерите велат дека „ќе ги истражуваат форматите и условите на дијалогот со Русија“ без да споменуваат какви било средби на високо ниво или планови за самит со Путин.
Франција и Германија предлагаат самит на ЕУ со Путин
Франција и Германија предложија да се одржи првиот самит на ЕУ со Путин од јануари 2014 година, откако американскиот претседател Џо Бајден се состана со рускиот претседател во Женева на 16 јуни. „Не можеме да продолжиме без дијалог“, рече францускиот претседател Ние мора да разговараме, вклучително и за нашите несогласувања. Тоа е единствениот начин да ги решиме“, изјави Емануел Макрон. Но, по разговорите доцна во ноќта на самитот во Брисел, германската канцеларка Ангела Меркел пред новинарите изјави дека нема договор за самит што Москва претходно го поздрави. Меркел рече дека настаните од последните месеци покажаа дека „не е доволно ако на мноштвото руски провокации се реагира на некоординиран начин“. Таа апелираше да се создадат „механизми за одговор на заеднички и унифициран начин“ на, како што рече, „хибридните напади од Русија“. Тоа вклучува контакт со земји како што се Украина, Белорусија и западен Балкан, но исто така и директно ангажирање на Русија и Путин.
САД ставија 13 руски бродови на црна листа за изградба на „Северен поток 2“
Германија има силни економски интереси во Русија и сака да види завршување на проектот за гасоводот „Северен тек 2“, со кој рускиот гас би се доставувал до Германија. Русија е најголемиот снабдувач на природен гас во ЕУ и игра клучна улога во прашањата поврзани со стратешките интереси на Европа, вклучувајќи го иранскиот нуклеарен договор и вооружените конфликти во Сирија и Либија. Но, ЕУ и Русија се спротивставуваат на неколку други прашања од прашањата поврзани со Украина и Белорусија до човековите права.