Американската амбасадорма во Македонија, Кејт Брнз, денеска изјави дека остануваат разочарувањата што членките на Европската унија (ЕУ) не успеаа да ја усвојат преговарачката рамка за Северна Македонија на вчерашниот состанок.
Сепак, додаде таа, „нема сомнеж дека државата ги исполни неопходните задачи за отворање на пристапните преговори со Унијата и тоа е чекор што веруваме дека ќе ја зголеми рагионланата стабилност и ќе ги подобри политичката и економска активност“, рече амбасадорката Брнз, на првиот Скопски економски форум.
САД, нагласи Брнз, ќе бидат со Северна Македонија на секој чекор од ова патување, бидејќи тоа е од интерес за нашите заеднички стратешки цели.
„Северна Македонија ги надмина политичката нестабилност и презема важни демократски реформи. Стана стабилен партнер за безбедноста и напредокот на целиот регоон и покажа дека е подготвена да ги заврши тешките задачи неопходни за остварување на стртаешките цели. Потпишувањето на Договорот од Преспа, членството во НАТО и отворање на патот кон ЕУ се само дел од позначајните успеси и сега е време за инвестициите и трговијата да почнат да носат економски бенефит од овие политички победи. Време е за економскиот раст да се зголеми“, истакна Брнз и додаде дека „целите на САД на Балканот остануваат јасни и не променети, посочувајќи дека во иднина регионот го гледаат во мир со своите соседи, стабилен и целосно интегриран во евроатлантската рамка.
Видете и ова: Софија останува на ставот- нема напредок за Скопје во ЕУНа крај на денот, порача Брнз, Северна Македонија припаѓа на Европската унија и иако е долг патот, важно е да се продолжи со напредок.
Вчера во Луксембург, Бугарија остана на својот став дека Македонија не ги исполнила условите за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ по што не беше постигнат консензус за прва меѓувладина конфереција на Унијата со Македонија и Албанија.