Македонската фудбалска репрезентација денеска се врати во Скопје, по синоќешниот последен натпревар во рамките на Европското фудбалско првенство (ЕП).
„Жал ми е што не освоивме барем еден бод. Бевме многу блиску, но и далеку. Ови натпревари се тешки за играње. Имаше многу емоции, луѓето живееа со нас, жал ми е , но се надевам дека оваа генерација ќе успее да постигне уште многу повеќe“, изјави капитенот Горан Пандев, кој синоќа го одигра својот последен натпревар во дресот на националниот тим.
Синоќа Македонија со пораз од 3:0 го заврши своето прво историско учество на ЕП во Фудбал.
Видете и ова: Пандев се прости од репрезентацијата, која доживеа трет пораз на ЕУРО 2020На пречекот на скопскиот аеродром, селекторот на репрезентацијата, кој исто така заминува од селекторското место, Игор Ангеловски, изјави дека „со задоволство го одработил секој момент како селектор“.
Пандев, во коментарот за заминувањето на Ангеловски, рече дека тој треба да остане на селекторската позиција до крајот на квалификациите за Светското фудбалско првенство.