Лидерот ан ДУИ, Али Ахмети, смета дека проблемот со Бугарија „нема да се реши ни со прес-конференции, ниту со лидерски средби, туку со преземање конкретни чекори и преземање одговорност“.
„Треба да се седне и да се превземе одговорност, а јас гледам подготвеност кај Зоран Заев да земе одговорност“, изјави Ахмети за ТВ Клан.
Според него, отворање графа во Уставот и за Бугарите, како што има за Турците, Србите итн, многу ќе се амортизира прашањето со Бугарија.
- БНР: Не се очекува промена на позицијата на Софија
- Пендаровски: Дел од вината за одложувањето на интеграцијата е и кај Брисел и европските партнери
Македонија од декември лани е со вето од Бугарија за пристапните преговори со Европската унија со образложение дека Скопје не го почитува Договорот за добрососедство. Според Бугарското национално радио, власите во Софија нема да отстапат од ставот и на денешниот Советот за општи работи на ЕУ во Луксембург, на кој се очекува одлука за првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија.