Синдикат на угостителство- газдите сами да си работат или да ги платат работниците

Угостителски објекти во Скопје во пандемија

Ситуацијата во угостителскиот сектор, што го доживеа најголемиот удар за време на пандемијата е алармантна. На компаниите од угостителството и туризмот им недостигаат 50 проценти од потребниот кадар, пред сè келнери, рецепционери, готвачи и помошници готвачи, покажуваат резултатите од интерната анкета која била спроведена од една од коморите, информира Синдикатот на угостителство и туризам (СУТКОЗ).

„Сведоци сме како работодавците од овие сектори бараат работници и се жалат, па им порачуваме на тие газди сами да си работат или да им се извинат на работниците, да ги вратат и платат согласно работното место кое го работат со коефициентите за плата пропишани во Колективниот договор за угостителство и туризам, за да се спаси туристичката сезона“, велат од Синдикатот за угостителство и туризам.

Според податоците на СУТКОЗ, од почетокот на кризата од четири илјади до 20 илјади вработени го напуштиле угостителскиот сектор.