Во најновото 15-то издание на Глобалниот индекс на мир од меѓународниот тинк-тенк Институт за економија и мир објавено денеска се наведува дека граѓанските немири се зголемија на глобално ниво за 10 насто при што Белорусија бележи најголемо влошување. На глобално ниво во 2020 година имаше 14.871 насилни демонстрации, протести и немири, се наведува во извештајот во кој се додава дека Исланд останува најмирна земја во светот, а најмалку мирна земја и натаму е Авганистан.
Амнести Интернешнл: Владите ја користат пандемијата за кратење на човековите права
Исто така се додава дека бројот на жртви од тероризам се намалува веќе шеста година по ред. Во 2020 година, пандемијата на ковид-19 имаше забележително влијание врз насилството со распространети протести против мерките поврзани со пандемијата. Земјите како Индија, Чиле, Италија, Франција, Германија и Јужна Африка беа особено погодени од демонстрациите. Чешка, Естонија, Германија, Ирска, Литванија, Холандија, Норвешка, Сингапур, Словенија и Швајцарија се најдобро рангирани во однос на мерките за закрепнување од ковид-19.