Стејт департмент: САД поддржуваат преговори на С.Македонија со ЕУ

Нед Прајс - портпарол на Стејт департментот. 31.03.2021.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс соопшти дека САД поддржуваат отворање на преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија без одложување.

„Поддржуваме отворање на преговори зачленство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија без одложување. Се ангажираме на највисоко ново на Владата да ја демонстрираме нашата посветенотст кон европскиот пат на земјите аспиранти“, напиша Прајс на Твитер.

Инаку, на 23 јуни треба да се оджи самит на ЕУ на кои ќе се разгледува можноста за почеток на преговорите на Северна Македонија и Албанија, во услови кога членката на блокот Бугарија го блокира почнувањето на процесот со С.Македонија.

Даниел Сервер – експерт за Балканот од Универзитетот „Џон Хопкинс“ од Вашингтон денеска изјави дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се очекува да изврши зголемен притисок врз Бугарија за откочување на евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

Сервер смета дека пристапните преговори меѓу Скопје и Брисел треба да се отворат во јуни.

„Се надевам дека тоа ќе се случи, но за жал земјите членки имаат право на вето за речиси сѐ во ЕУ“, изјави Сервер.