Министерството за правда на Србија: Косово останува во српскиот Устав

Српската министерка за правда Маја Поповиќ.

Косово останува во преамбулата на српскиот Устав, изјави денеска српската министерка за правда Маја Поповиќ.

Преамбулата на сегашниот Устав усвоен во 2006 година го дефинира Косово како составен дел на Србија.

Промената на Уставот во областа на правосудството и владеењето на правото е најважна, рече Поповиќ за за српската телевизија ТВ Прва. Таа додаде дека владеењето на правото води кон правен систем во кој ќе постои правна сигурност.

Таа посочи дека измените и дополнувањата на Уставот се едни од најважните активности во Акцискиот план за Поглавјето 23.

„Кога имате држава во која постои правна правна сигурност, доаѓаат и странски инвеститори, што значи значително отворање на нови работни места за граѓаните, а со тоа и зголемување на нивниот стандард“, рече Поповиќ.

Предложените измени на Уставот предвидуваат судиите и обвинителите повеќе да не ги избира Собранието на Србија, туку Високиот судски совет и Високиот совет на обвинителството.

Според предложеното, Високиот судски совет треба да има пет судии и пет истакнати правници, а Високиот совет на обвинители треба да има четири истакнати правници и четворица јавни обвинители, односно заменици на јавни обвинители, републички обвинител и министер за правда.

Српскиот Парламент на 7 јуни го усвои предлогот на Владата за промена на српскиот Устав.