Четврта успешна трансплантација на срце

Архива - Трета трансплантација на срце во Македонија, Скопје 30 мај 2021.

На пациент кој неколку години боледувал од тешка кардиоваскуларна болест, денеска му беше направена успешна трансплантација на срце од 44-годишна жена чие семејство ги донираше нејзините органи, што е четврта успешна трансплантација на срце во земјава во период од една година.

Правата трансплантација на срце во Македонија беше направена во мај 2020 година на државната Клиника за кардиохирургија, што беше оценето како огромен успех за македонското здравство.

Во изминатите 24 часа стотина лекари, медицински сестри и болничари работеле заедно, а министерот за здравсртво Венко Филипче изјави дека тимот покажал „како беспрекорно функционира здравствениот систем.“

Исто така синоќа пред полноќ, освен трансплантацијата на срцето, почнале и операции за трансплантација на бубрезите од починатата пациентка, а потоа и експлантација на коскени ткива.

Операциите ги водат медицински тимови од Клиниката за кардиохирургија и од Клиниката за урологија, додека целата постапка ја водат болнички координатори од КАРИЛ заедно со Министерството за здравство.

Последната трета трансплантација на срце во земјава беше направена минатиот месец, додека втората беше извршена во април 2021 година.