Европскиот парламент повика на остри санкции за белорускиот режим

Европскиот парламент

Европскиот парламент повика на сеопфатни економски санкции и голем број други мерки против Белорусија како одговор на растечката репресија и присилното слетување на авион за апсење на опозициски активист. Економските санкции треба да бидат насочени кон државните компании во Белорусија во индустријата за нафта, челик и дрво, се наведува во необврзувачката резолуција што ја усвоија европратениците.

Дали однесувањето на Лукашенко ќе го погоди богатството на српските браќа Кариќ?

Соработката и финансирањето на белоруските државни банки треба да бидат запрени и исто така треба да се разгледа суспендирање на Белорусија од меѓународниот банкарски систем SWIFT, соопшти Европскиот парламент. Европската унија досега воведе три рунди санкции за Белорусија, со примена на замрзнување на средства и забрана за визи на 88 физички лица и седум ентитети, вклучувајќи го и самиот авторитарен владетел Александар Лукашенко.