Британскиот премиер Борис Џонсон формално го пречека американскиот претседател Џо Бајден на својата прва директна средба, а во пресрет на самиот на Групата 7 најразвиени земји.
Џонсон и неговата сопруга Кери ги дочекаа Џо и неговата сопруга Џил во Карбис каде што утре ќе почне самитот на Г7. Бајден денеска на Твитер напиша дека очекува да ги потврдат специјалните односи меѓу Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство и да дискутираат за тоа како ќе се справат со заедничките предизвици во следните години.
Состанокот е дел од европската турнеја на американскиот петседател која треба да заврши со средба со рускиот претседател Владимир Путин на 16 јуни во швајцарскиот град Женева. Во осудмдневната турнеја тие ќе ја посетат кралицата Елизабета во замокот Виндзор, а потоа Бајден лета за Брисел каде на 14-ти јуни е самитот на лидерите на НАТО, а ден потоа ќе учествува на самитот на ЕУ.