Вучиќ: Нема да биде лесно во Брисел

Александар Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека претстојниот дијалог во Брисел „нема да биде лесен“ и дека е важно двете страни да разговараат со цел да се намалат тензиите и да се осигура безбедноста на Србите на Косово.

Дијалогот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово продолжува во вторник на 15 јуни, во седиштето на Европската унија (ЕУ) во Брисел, објави ЕУ. Тоа ќе биде прва средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти. Вучиќ објави дека ќе патува за Брисел во понеделник и ќе има состаноци и работни вечери во Брисел.

„Тие (претставниците на Косово) доаѓаат да го направат шоу, додека ние сме посветени на дијалогот“, рече Вучиќ.

Пред почетокот на дијалогот, претставниците на двете страни во процесот дадоа контрадикторни изјави на темите за кои ќе разговараат во Брисел.

Вучиќ ќе ѝ се обрати на јавноста за Косово и разговорите со опозицијата

Палмер: Силна поддршка за дијалогот Белград-Приштина

И додека Курти истакна дека не може да се формира единствена етничка заедница, реферирајќи на Заедницата на српски општини (ЗСО), Вучиќ му одговори дека не мора да доаѓа во Брисел, ако не сака да разговара за формирањето на ЗСО. Премиерот на Косово во неколку наврати изјави дека неговата средба со Вучиќ нема да биде продолжение на дијалогот, туку, како што рече, почеток на нов процес.