Руското судство ги означи организациите на Навални како екстремистички

Алексеј Навални

Руското судство ги означи како „екстремистички“ организациите на опозицискиот Алексеј Навални и таа мерка овозможува нивна ликвидација и засилена репресија врз неговите приврзаници пред парламентарните избори закажани за септември. „Овие организации не само што доброволно ширеа информации што поттикнуваат омраза и непријателство кон владините службеници, туку извршија и екстремистички злосторства“, соопшти судството. Навални веднаш реагираше и рече дека нема да отстапи.

Соработниците на Навални нема да можат да извршуваат јавни функции


„Ќе се снајдеме, ќе се развиваме, ќе се адаптираме. Но, нема да отстапиме од нашите цели и идеи. Ова е нашата земја и немаме друга", напиша Навални на Инстаграм. Во моментов Навални издржува затворска казна во траење од две и пол години. Противникот на Кремљ беше уапсен на 17 јануари откако се врати во Русија од Германија, каде што со месеци се опоравуваше од труење со нервен отров.