Во Тирана денеска ќе се одржи Самит на земјите од Западен Балкан. На самитот ќе претседава албанскиот премиер Еди Рама, а ќе учествуваат евокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановќ, како и премиерите на Северна Македонија, Зоран Заев, на Косово, Албин Курти, на Србија, Ана Брнабиќ, на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија. На самитот ќе се разговара за постигнатото досега во Берлинскиот процес за заздравување на регионот и подготовките за спроведување на економскиот и план за инвестиции во Западен Балкан.
Пет европски земји бараат ЗБ да се вклучи во дебатата за иднината на Европа
Лидерите на Западен Балкан, исто така, ќе разговараат за клучните теми за јулскиот состанок на лидерите на ЕУ и регионалните држави во рамките на Берлинскиот процес. На претходниот самит во Софија, високите претставници на Западен Балкан се согласија да ја зајакнат економската соработка во регионот, во согласност со вредностите и нормите на ЕУ и да создадат заеднички регионален пазар, со мерки за заштита на животната средина и проекти за зелена економија и енергетика. Лидерите на Западен Балкан тогаш посочија дека ова ќе ја зголеми ефикасноста и конкурентноста на регионот и ќе го приближи до бараниот пазар на Европската унија.