Напад во Авганистан, убиени десет деминери

Авганистански работник на Хало Труст кој работел на проект за расчистување мини, добива медицински третман откако милитанти го нападнаа нивниот камп, во Баглан. 09.06.2021.

Најмалку 10 Авганистанци кои работеле во невладина организација за отстранување на мини се убиени во напад во северната авганистанска провинција Баглан.

Организацијата „ХАЛО Труст“ со седиште во Велика Британија соопшти дека уште 16 членови на нејзиниот персонал биле повредени во напад на „непозната вооружена група во кампот за деминирање“.

Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека талибанските бунтовници упаднале во камп за деминирање во областа Баглан-е Маркази и отвориле оган кон нив.

Сепак, извршниот директор на „ХАЛО Труст“ Џејмс Коуан за Би-Би-Си изјави дека „локална талибанска група им помогнала и ги исплашила напаѓачите“.

Портпаролот на талибанците исто така ја негираше вмешаноста на групата во нападот.

ХАЛО Труст има повеќе од 2.600 вработени во Авганистан, која е една од земјите каде се поставени најмногу мини.

„ХАЛО Труст“ вели дека вработените се регрутираат од градовите и селата чии територии се минирани.