Бугарски Миг -29 исчезна за време на воена вежба над Црното море

Бугарските воени авиони Миг 29

Бугарските воени авиони Миг 29

Бугарија денеска соопшти дека изгубила комуникација со еден од нејзините воени авиони Миг-29 и дека авионот исчезнал од радарите, додека учествувал во воени вежби над Црното море. Министерството за одбрана соопшти дека веднаш е почната акција за пребарување и спасување и дека таа се уште трае.

Вршителот на должност министер за одбрана Георги Панајотов изјави дека воената вежба „Шабла 21 “ веднаш е прекината и дека е лоцирана областа во која можно е да се урнал авионот, но се уште не е пронајдено леталото.

„Во спасувачката потрага учествуваат бродови и хеликоптери,“ изјави Панајотов.

Се уште е непозната причината за несреќата која најверојатно се случила во 12 и 45 минути по локално време. Панајотов додаде дека за време на несреќата пилотот не се обидел да исконтактира со базата за евентуални проблеми и дека се чини оти пилотот не се исфрлил навреме од авионот.

Членката на НАТО, Бугарија претходно поседуваше уште два други авиони Миг-29 кои се од советско производство. Едниот се урна во 1994 година а другиот авион МИГ-29 се урна во 2012 година.

Во јули 2019 година Софија даде зелено светло за купување на осум американски воени авиони Ф-16 во вредност од 1,67 милијарди долари, што претставува најголема воена набавка од падот на комунизмот во 1990-тите години.