Талибанците убија најмалку 10 членови на Центарот за деминирање во северната авганистанска провинција Баглан, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи, додавајќи дека во нападот биле ранети уште 14 лица. „Талибанци влегоа во Ценаторот и почнаа да пукаат“, изјави претставник на локалната полиција, наведувајќи дека напаѓачите биле маскирани.
Најмалку осум војници убиени во напад во северен Авганистан
Во провинцијата Баглан, која е сцена на чести судири меѓу владините сили и талибанците, насилството се засили откако американските сили ја започнаа последната фаза на повлекување од Авганистан на 1 мај.