Договорот од Преспа додаден во политиката на санкции на САД за Западен Балкан

Џо Бајден и Ентони Блинкен

Соединетите држави ја „модернизираат“ својата политика за санкции за Западен Балкан со натамошно насочување кон корупцијата, кршењето на човековите права и актите што ја загрозуваат демократијата во регионот, соопшти Стејт Департментот. „Соединетите држави препознаваат дека корупцијата ја загрозува економската рамноправност, глобалните напори против сиромаштијата и развојот и самата демократија“, рече државниот секретар Ентони Блинкен. Ажурираната политика дојде во форма на извршна наредба од претседателот Џо Бајден, проширувајќи ги двата долгогодишни декрета поврзани со Западен Балкан.

Банките во Бугарија ќе престанат со соработка со луѓето под американски санкции

Белата куќа соопшти дека извршната наредба обезбедува дополнителни санкции против поединци или субјекти кои им се закануваат на мирот и стабилноста во регионот, ги поткопуваат демократските процеси или се занимаваат со сериозни кршења на човековите права и корупција. Според новата политика, американските власти исто така ќе имаат можност за санкционирање на актери кои кршат или го попречуваат спроведувањето на регионалните договори и Меѓународниот механизам за кривични трибунали, наследник на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија.

Ципрас: Со Договорот од Преспа спречивме експанзија на Турција во регионот

Претседателскиот декрет го додава Договорот од Преспа за решавање на спорот меѓу Грција и Северна Македонија од 2018 година, како и договорите со кои се стави крај на конфликтот во Босна и Херцеговина.