Во Словенија не им платиле 2 милиони евра на странски градежници, меѓу нив и Македонци

Илустрација: Градежни работници, градилиште

Тројца словенечки државјани се осомничени за измама на 432 работници, претежно странски градежни работници, за најмалку 2,1 милиони евра помеѓу 2011 и 2019 година.

На крајот на мај, криминалистичката полиција во Цеље заврши истрага за системско кршење на основните права на работниците, соопшти денеска Полициската управа на Целје, јави словенечката агенција СТА.

Откриено е дека работодавците ангажирале работници од Босна и Херцеговина, Србија и Македонија, а подоцна, по некое време, тие би биле повторно вработени во секогаш нови „фиктивни“ компании.

Осомничените „фиктивни“ директори управувале со вкупно 22 компании во текот на периодот, додека не им плаќале намерно на работниците плати, придонеси за социјално осигурување, како што се здравствено и пензиско осигурување, ниту плаќале даноци и отпремнини.