Петчлениот Жалбен совет на Хашкиот трибунал утре ќе му ја изрече правосилната пресуда на поранешниот генерал на босанските Срби, Ратко Млади, за извршени воени злосторства во БиХ.
Главниот обвинител на Судот во Хаг, Серж Брамерц, непосредно пред утрешното изрекувањето на пресудата изјави дека очекува да му биде потврдена казната доживотен затвор на Младиќ, но предупреди на растечкиот проблем за негирање на природата на воените злосторства во Босна и Херцеговина, особено геноцидот во Сребреница.
Младиќ е прогласен за виновен за најтешки воени злосторства, вклучително и за геноцидот извршен во Сребреница, но советот на Трибуналот ги отфрли обвинувањата дека тој е одговорен и за геноцидот извршен во уште пет општини во Босна и Херцеговина во 1992 година.
Тој беше уапсен во 2011 година по неколкугодишно бегство.