ВМРО-ДПМНЕ најавува протести ако власта не го објави „Патоказот“ за кој разговара со Бугарија

Илустрација, Протест на ВМРО-ДПМНЕ: Против распродажбата на се што е македонско, Скопје 1 декември 2020

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека од утре во Скопје и десетина други градови низ земјава ќе почне со блокади на сообраќајници. На брифингот со новинарите од партијата соопштиле дека со проестот сакаат да ја принудат власта јавно да соопшти за што преговара со Бугарија и какви отстапки се нудат.

ВМРО-ДПМНЕ бара од Владата да го објави таканаречениот Патоказ за кој, како што велат од партијата, со Софија преговараат премиерот Зоран Заев и владиниот специјален претставник за Бугарија Владо Бучковски.

Најавените протести ќе стартуваат во 15 часот и ќе траат до 17 часот. Утре во Скопје ќе бидат блокирани крстосниците пред Мавровка, пред Собранието и пред зградата на поранешна „Нова Македонија“.

Дел од македонските медиуми јавуваат дека на брифингот било соопштено дека ВМРО-ДПМНЕ се сомнева оти Заев и Бучковски, во процесот на преговори за надминување на ветото на Софија за одржување на меѓувладината конфенернција со ЕУ што значи и реален почеток на преговорите ЕУ, се подготвени прашањата за идентитетот, јазикот, историјата и културат, да станат дел од поглавјата за преговорите со ЕУ.

Заев- Патоказот за спроведување на Договорот со Бугарија е на увид во МНР

„Ако власта ги прифати условите на бугарската декларација во преговорите со ЕУ тогаш тоа станува европски проблем, а не билатерален. Доколку не се побуниме Заев ќе прифати се“ рекол на брифингот лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Претходно премиерот Заев изјави дека „Патоказот за исполнување на обврските од Договорот за добрососедство“, е доставен на увид во стручните служби во Министерството за надворешни работи.