Навални од болница вратен во затворот

Он лајн сослушување од затворска ќелија на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска е префрлен од затворската болница затворското одделение во Покров регионот Владимир. Навални беше хоспитализиран откако го прекина 24 дневниот штрајк со глас по што беше прегледан од независен лекарски тим поради болките во грбот и нозете.

Тој денеска ќе биде сослушуван од судија во неговата ќелија он лајн. Окружниот суд во Петушки на 7 јуни ги разгледува тужбите на Навални против Притворската Колонија бр. 2. Навални ја обвинува администрацијата на казнено-поправниот дом за кршење на неговите права поради доставување весници со отсечени написи и забранет пристап до книги.

Навални беше уапсен во јануари при неговото пристигнување од Германија каде што претходно се лекуваше поради труење со нервен агенс Новичок во август минатата година. Тој го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека нарачал труење. Кремљ тоа го негираше.

Судот во Москва во февруари неговата условна затворска казна од три ипол години ја преиначи во затворска.

Во меѓувреме против Навални се покренати три нови истраги, додека притисокот врз неговото движење и неговите поддржувачи расте во последните неколку недели. Навални на Инстаграм објави дека е обвинет „за проневера на сите донации“ на неговата антикорупциска организација, за „формирање група што ги поткопува правата на луѓето“ и за „навреда на судија на неодамнешното судење