Шефот на германското разузнавање предупреди на зголемена руска активност

илустрација

Руската разузнавачка активност во Германија значително се зголеми и сега ги достигна нивоата на Студената војна, предупреди главниот шеф на германското внатрешно разузнавање во Берлин Томас Халденванг. Тој во интервју за Велт ам Зонтаг рече дека Русија има „многу сложен разузнавачки интерес за Германија“ во повеќето области на политиката.

Путин мора да одговара за поткопување на демократијата во САД

Според него, Русија има „извесен број агенти“ кои сакаат да воспостават контакт со носителите на одлуки. Германија ги обвинува руските државни агенти за убиството на етнички Грузиец од Чеченија во Берлин во 2019 година. Убиството е само едно од неколкуте политички убиства или обиди за убиства во Западна Европа, приврзани за руски агенти во последните 15 години.