САД донираа оклопни возила за Косово

Косовски војници со заштитни маски поради пандемијата со Ковид19

Соединетите Американски Држави донираа нови оклопни возила на безбедносните сили на Косово, пренесува Репортери. Веста за донирање оклопни возила од САД ја потврди Министерството за одбрана, а ресорниот министер Арменд Мехај ја посети касарната во Феризај, со цел да биде информиран за таа донација.

Оклопните возила во сопственост на безбедносните сили на Косово се од типот М1117. Ова оклопно возило е познато и како „Гардијан“. За М1117 се вели дека е едно од првите американски воени возила отпорни на мини.